„Јамал не е доволно добар да игра за Реал Мадрид - нема култура и класа!“
Јамал пред „Ел Класико“ отворено ги нападна „кралевите“ и ги налути навивачите, а Заморано смета дека неговите потези покажуваат дека никогаш во кариерата не би можел да го облече дресот на Реал.
„Никогаш не би го донел Јамал во Мадрид. Има голем талент, но тоа не е доволно за Реал. Јамал не е доволно добар, нема култура и класа“, смета Заморано.
Заморано, сепак, ако мора да се одлучи за една од ѕвездите на каталонскиот гигант која би ја донел на „Сантијаго Бернабеу“, тоа е шпанскиот репрезентативец Педри.