Хаос на Градски: Полските хулигани со тврди предмети фрлаа кон фановите на Шкендија (ВИДЕО)
Полицијата мораше итно да интервенира за да спречи ескалација на насилството. Додека дел од домашните навивачи ја напуштаа трибината, фановите на полскиот клуб, кои важат за едни од најжестоките во Европа и кои чекале организиран излез, почнаа да ги гаѓаат со тврди предмети – шишиња, камења, па дури и противпожарни црева. Полициските екипи реагираа со формирање заштитен кордон и ги вратија полските фанови назад во стадионот, со што беше спречен поголем конфликт.
Полскиот голман Милош Пиекутовски по мечот ја нагласи тежината на дуелот и влијанието на атмосферата:
„Навивачите беа многу гласни и емотивни. Секој пат кога ја имавме топката, свирежите создаваа дополнителен притисок. Атмосферата беше исклучително жешка,“ рече Пиекутовски.
Шкендија по три кола од КЛ има по една победа, пораз и нерешена средба.