Уапсен е фанот на Барса кој со факел запали автобус во Бриж! (ВИДЕО)

Гостувањето на Барселона во Бриж предизвика големо внимание, не само на натпреварот кој беше спектакуларен, туку и пред и по неговото завршување.

Пред почетокот на мечот навивач на Барселона запали факел во автобусот кој требаше да ги превезе до стадионот.

Поради неговата глупост заврши зад решетки, последните информации велат дека е уапсен. За среќа немало повредени во инцидентот.