Шкендија пред сериозен предизвик, гостува силната Јагјелонија со своите ултраси!
Тетовци во минатото коло славеа победа од 1-0 против Шелбурн од Ирска, но нема дилеми дека Јагјелонија е многу посериозен предизвик, станува збор за тим кој во минатата сезона го помина лигашкиот дел од ова натпреварување и беше елиминиран од Бетис. Еден од најистакантите тогаш во тимот беше македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов кој сезонава го носи дресот на Кочаелиспор, но не крие дека ќе навива за полајците (ТУКА)
Дека противникот е многу посериозен свесен е и стратегот на Шкендија, Јетон Беќири.
„Ја анализиравме Јагјелонија која е квалитетна екипа. Очекувам поразличен меч од тој со Шелбурн, верувам дека Јагелонија е поквалитетна во однос на нив. Полскиот тим е агресивен во средината на теренот и нападот, па мора да бидеме внимателни. Ние се надеваме на добра игра и нова европска радост“, вели Беќири.
Шкендија натпреварот го дочекува од 20-тата позиција со три бода, додека Јагелонија е десет позиции погоре со бод повеќе. Во случај избраниците на Беќири денеска да направат изненадување и останат непоразени или слават, тие бодови секако и тоа како би ги зголемиле шансите на тетовци за европска пролет.
Но, полскиот состав нема да гостува сам, ќе има поддршка и од трбините каде што според најавите се очекуваат над 300 навивачи од Полска.
Натпреварот е закажан за во терминот од 21:00 часот.