Прво, па машко: Одбојкарите ќе играат на отворањето на ЕП во Софија - против Бугарите!
Спектакл на почетокот на Европското првенство кое ќе се одржи наредната година, Македонија ќе игра против Бугарија во Софија на отворањето. Тоа ќе се случи на 9 септември од 19 часот.
Следниот ден Македонија ќе биде слободна, а потоа на 11 септември од 16 часот во второто коло играме против Украина. Мечот од третото коло ќе го играме на 13 септември против Полска од 19 часот, а два дена подоцна ќе ги одмериме силите со Португалија од 16 часот, наредниот ден во истиот термин против Израел ќе ја заокружиме групната фаза.
Најдобрите четири екипи од четирите групи ќе обезбедат пласман во осминафиналето.
За Македонија ова е четврто учество по ред на континенталниот собир. Европското првенство ќе почне на 9 септември, а ќе заврши на 26 септември. Покрај Бугарија, домаќини се уште и Италија, Финска и Романија.
