Чурлинов по стапките на Николов – ќе „навива“ против Шкендија во Европа (ФОТО)

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Дарко Чурлинов, им посака среќа на фудбалерите на полска Јагелонија во пресрет на утрешниот дуел против „нашата“ Шкендија (21 часот) од Конференциската лига, но не од причина што има нешто против тетовци туку поради фактот што во овој клуб ја мина минатата сезона.

Тој ова го напиша на официјалниот Инстаграм профил на екипата од Полска, на објавата за пристигнување на овој клуб во Македонија. Чурлинов сезонава игра за турскиот тим Кочаелиспор, но не го заборава периодот во тимот за кој на 26 средби постигна пет гола. Јагелонија како голем фаворит влегоа во дуелот со македонскиот шампион, барем така мислат букмејкерите.

Тој е втор македонски фудбалер кој ќе навива за својот поранешен клуб во шресметката со Шкендија, по Бобан Николов, кој летоска јавно кажа дека ќе навива за романскиот тим ФЦСБ во двомечот од второто квалификациско коло од Лигата на шампионите, кое составот од Тетово го мина и обезбеди групна фаза во КЛ.