Распродадени билетите за првиот тренинг на новиот „Камп Ноу“

Голема возбуда владее кај навивачите на Барселона поради враќање на стадионот „Камп Ноу“ кој долго време се реновираше.

Првиот тренинг на реновираниот стадион ќе се одржи на 7 ноември, а за истиот беа продадени дури 23.000 билети.

Навивачите решија да ги купат сите билети кои беа пуштени во продажба и да бидат првите кои ќе стапнат на новите трибини на „Камп Ноу“.