Претседателот на Реал Мадрид се „поклони“ пред македонска одбојкарска легенда!
Македонската легенда на подарок доби дрес со своето презиме, а во замена на претседателот на шпанскиот гигант му подари уметничка презентација на Камениот мост во Скопје. Причина за ваквата средба е фактот што Богоевски во минатото настапуваше за одбојкарската селекција на Реал Мадрид и тоа период од две сезони (1981-1983), каде што замина директно по речиси една деценија мината во дресот на Вардар.
Тој до пред неколку дена ја извршуваше функцијата спортски директор на МОК, а во иднина ќе биде советник за спорт на првиот повек на македонскиот олимпизам, Даниел Димевски.