Не му беше пријатно: Арнолд во својот роден град дочекан со пораки и гласни свирежи (ФОТО+ВИДЕО)

Поранешниот заменик капитен на Ливерпул, Трент Александар-Арнолд немаше пријатен пречек во Англија каде што вчера гостуваше со Реал Мадрид во дербито од Лигата на шампионите (1-0).

Пред почетокот на натпреварот кога спикерот го прочита неговото име, Арнолд доби силни свирежи од трибините.

Очигледно навивачите не му го простуваат тоа што како слободен играч минатото лето го замени Ливерпул со Мадрид. Арнолд е роден во Ливерпул и првите фудбалски чекори ги направи во академијата на клубот на само шест години, а низ годините стигна и до првиот тим.