Револуција во ракометот: Иновација која ќе им даде ново искуство на навивачите на ЕП (ВИДЕО)

Европското првенство (ЕП) во ракомет ќе ни донесе и модернизација на спортот, односно „РефКам“ - камера која ќе ја носат судиите и преку која гледачите ќе можат да ги видат случувањата од нивна перспектива.

Европската куќа на ракометот (ЕХФ) соопшти дека оваа иновација ќе се воведе во завршницата на ЕП, односно во полуфиналните дуели и во натпреварите за медали.

Произведувач на камерите е германската компанија „Ридел Комуникејшн“, а тие веќе направија пробно тестирање со судиите Патрик Кесел и Николас Винтер.

Камерата ќе тежи само 14 грама и директно ќе прикажува како изгледаат случувањата на теренот од перспектива на арбитрите.

Нешто идентично веќе е воведено во светот на фудбалот, каде што навивачите може да гледаат од перспектива на главниот судија.

ЕП во ракомет ќе се одржи во Данска, Норвешка и Шведска од 15 јануари до 1 февруари.