Арсенал го доби најмладиот фудбалер во ЛШ - има 15 години и 308 денови! (ФОТО)

Англискиот гигант Арсенал славеше со 3-0 против Славија Прага, а на натпреварот во историјата се запиша талентираниот Макс Доуман.

Доуман влезе во игра во 72. минута од мечот и стана најмладиот фудбалер во историјата на елитното европско натпреварување.

„Чудото од дете“ постави нов рекорд за најмлад фудбалер на само 15 години и 308 денови.

Фото: Arsenal FC