Дијаз му даде два гола на ПСЖ, па доби црвен картон за груб прекршок (ВИДЕО)

Фудбалерот на Баерн Минхен, Луис Дијаз имаше одличен почеток на натпреварот против ПСЖ, односно постигна два гола, но потоа доби директен црвен картон.

Дијаз погоди за водство на Баерн во четвртата минута, а потоа стрелаше и во 32. минута од средбата, но во судиското надополнување направи груб прекршок врз Ашраф Хакими и судијата реши да го исклучи од игра.