Контроверзен момент на „Енфилд“: Ливерпул оштетен за пенал против Реал!? (ВИДЕО)

Навивачите на Ливерпул збеснаа поради одлуката на судијата да не досуди пенал за домаќинот поради игра со рака на Орелиен Чуамени.

Ударот на Собослаи заврши во раката на Чуамени, по што ВАР-собата го повика судијата Ковач да ја погледне снимката поради потенцијален пенал, меѓутоа главниот арбитар остана на ставот дека „црвените“ треба да добијат само слободен удар.