МЗТ се коцкаше и доби - со тројка на Војдан во последната стотинка (ФОТО)
Екипата од Аеродром беше одлична во првата четвртина од мечот и поведе со 27-19, а во исто темпо продолжи до крајот на првото полувреме и замина на паузата со двоцифрена предност (47-37).
МЗТ имаше водство и од +14 (57-43), но Студент почна да се буди во последните 10 минути од средбата и успеа да го сврти резултатот во своја корист (73-70), но македонскиот тим повторно го врати водството, а до победата стигна со тројка на Војдан Стојановски во последна стотинка од дуелот.
Најефикасен во победничкиот тим беше МекКејден со 26 поени, четири скокови и три асистенции, додека Војдан Стојановски запиша 20 поени, три скокови и две асистенции. На спротивната страна Фаракан постигна 27 поени, еден скок и седум асистенции.




Фото: ABA2/Student m:tel/Marija Vuruna