Новото правило на дело: Тренер за првпат искористи виолетов картон (ВИДЕО)

Селекторот на кадетската репрезентација на Хрватска, Маријан Будимир на Светското првенство до 17 години против Сенегал го искористи виолетовиот картон, ново правило кое е во фаза на тестирање.

Во финишот од натпреварот кој заврши без победник 0-0, Будимир го крена картонот и така го искористи своето право на „челинџ“, нешто слично како во тенисот.

Стануваше збор за ситуација во кој голманот на Сенегал истрча за да ја фати топката, но тогаш на него налета хрватски играч. Сепак, судијата процени дека нема доволно елементи за пенал.

Секој тренер има право на два „челинџи“ во текот на натпреварот, а ако се покажае како успешен, тогаш го задржува правото, се поништува само ако тренерот не е во право.