ТФТ го декласира Феникс за „пет од пет“ во Суперлигата

Кошаркарите на ТФТ беа подобри од Феникс 2010 со 80-58 и ја запишаа петтата победа во македонската Суперлига.

ТФТ го отвори мечот со 8-0, по што се разбуди Феникс и успеа да направи целосен пресврт (13-12). Големата борба продолжи до крајот на првите 10 минути, а резултатот беше 23-23.

Феникс играше добро сè до 34-35, по што следеше катастрофалниот период кој го искористи ТФТ за да поведе со убедливи 49-34.

Гостинскиот тим успешно го чуваше водството во третата четвртина и во последните 10 минути влезе со водство од 58-45.

Кошаркарите на Феникс се разиграа за момент и намалија на 57-65, но потоа следеше неверојатна серија на ТФТ за +21 (78-57), по што гостите без проблеми ја потврдија победата (80-58).

Најефикасен кај Феникс беше Виктор Златевски со 19 поени, четири скокови и шест асистенции, додека Тома Стојаноски потигна 14 поени и четири скокови за ТФТ.