 
  Бетис со седум гола го уништи нисколигашот Палма дел Рио
Бетис постигна дури три голови во првото полувреме преку Рикелме, Алтимира и Гарсија со што ја најави големата победа.
Гарсија зголеми на 4-0 во 51. минута, но потоа погоди Манолило за 1-4. Сепак, до крајот на средбата стрелаа и Лоренте, Рикелме и Езалзоули за конечни 7-1.
Претходно триумфираа и Леванте против Орихуела со 4-3, Селта Виго над Пуерто де Вега со 2-0 и Еспањол против Атлетик Леида со 2-1.