Аршавин со дрес на Барселона влезе во фан-шоп на Реал Мадрид (ВИДЕО)

Поранешниот фудбалер на Арсенал, Андреј Аршавин привлече големо внимание со неговиот потег, откако реши во дрес на Барселона да се појави во фан-шоп на Реал Мадрид.

Аршавин остави голема трага во светот на фудбалот во дресовите на Зенит и Арсенал, но овој пат е во центар на внимание зашто по „Ел Класико“ се појави во фан-шопот на „кралевите“.

Барселона и Реал Мадрид имаат големо ривалство, а неодамна имаше искри и за време на „Ел Класико“.