Сколс се откажа од телевизијата за да му се посвети на својот син со посебни потреби (ВИДЕО)
Сколс има 20-годишен син кој е со посебни потреби и секојдневно му е потребна помош за да ги изврши своите рутини. Славниот поранешен фудбалер решил времето да го минува со Ајден.
„Одлучив да не ги покривам натпреварите оваа сезона во живо поради Ајден, поради неговите посебни потреби за кои можеби знаете. Целата работа која ја работам е околу неговите рутини бидејќи тој има доста строга рутина секој ден. Затоа решив дека сè што ќе правам, ќе биде околу Ајден“, изјави Сколс.
Сколс во изминатите години работеше како фудбалски критичар, но тоа го става во мирување. Тој потврди и дека се развел од сопругата Клер.
Ова емотивно отворање Сколс го направи на подкастот „Стик ту Фудбал“ на кој домаќини се легендите Гери Невил, Рој Кин и Јан Рајт.