Башкими договори нов тренер – човекот кој освои Куп со Тиквеш!

Екипата на Башкими брзо пронајде замена за Муарем Муарем по неговата вчерашна оставка на тренерската позиција и тоа во човек што исто така пред неколку дена си замина од прволигашот што го предводеше.

Според медиумите на албански јазик во државата, нов кормилар на составот од Куманово ќе биде Ѓорѓи Мојсов, кој пред една недела поднесе оставка како предводник на Тиквеш. Договорот помеѓу него и раководството на клубот, наводно, веќе бил постигнат, а останува само официјалната потврда.

Мојсов со Тиквеш го освои Купот на Македонија пред две сезони, а со своето искуство се очекува да внесе стабилност и нова енергија во тимот од Куманово, кој во моментов е на петтата позиција на табелата со 19 бодови, пет помалку од лидерот Вардар.