Ужасна трагедија: Почина репрезентативец на Иран во одбојка – имаше само 26 години!
Тој, според информациите на иранските медиуми, доживеал срцев удар во Катар, каде што оваа сезона настапуваше за клубот Ал Рајан. Иако лекарите веднаш интервенирале и се бореле за неговиот живот, состојбата нагло му се влошила, а потоа бил прогласен за мозочно мртов поради тешки оштетувања на мозокот.
Веста за неговата смрт ја потврди Иранската одбојкарска федерација, која во соопштението изрази длабока жал и го опиша трагичниот настан како „неподнослива загуба за земјата и целиот одбојкарски свет“.
„Каземи не беше само врвен спортист – тој беше симбол на надеж, посветеност и скромност. Неговиот насмев и добриот карактер оставија трага кај сите што го познаваа. На теренот секогаш даваше максимум за тимот, а надвор од него беше почитуван поради искреноста и човечноста“, стои во соопштението на федерацијата.
Одбојкарската заедница, навивачите и неговите пријатели со голема болка се простуваат од младиот одбојкар, упатувајќи најдлабоко сочувство до неговото семејство и соиграчите.