Шок во Хрватска: Навивач на Хајдук испали ракета кон трибина полна со деца (ВИДЕО)
Хајдук по голема мака обезбеди пласман во четвртфиналето по пенал-драмата (4-2), но натпреварот го засенија низа инциденти меѓу навивачите на двата клуба. Во судиското продолжение од регуларното време, дојде до судир меѓу Торцида и Ултрас, при што членовите на домашната група им украле транспарент на гостите од Сплит. Тоа ја испровоцирало Торцида, чија реакција била бурна — со палење факели, кинење и фрлање столици кон полицијата и источната трибина.
Сведоци и видео-снимки прикажуваат и момент во кој еден навивач на Торцида од атлетската патека испалува сигнална ракета кон источната трибина, каде имало домашни навивачи, но и семејства со деца. Полицијата потврди дека за време на натпреварот биле запалени повеќе факели, од кои три биле фрлени на атлетската патека пред јужната трибина. Воедно, исфрлени биле неколку ракети кон источната трибина, при што четири паднале во делот за гледачи.
Дополнително, оштетен е поголем број столици, кои биле исфрлени на патеката, а запалени биле и транспаренти — прво на јужната, а потоа и на источната трибина. На трибините на стадионот имало нешто повеќе од 5.000 гледачи, од кои 614 биле припадници на Торцида.