Партизан немоќен во Софија, пораз од лидерот во Евролигата!

Српскиот кошаркарски гигант, Партизан со 84-97 загуби од Хапоел Тел-Авив во Софија каде што израелскиот тим ги игра домашните натпревари од Евролигата.

Хапоел Тел-Авив е лидер во натпреварувањето, а својот квалитет го презентираше и денеска на мечот со Партизан.

Домаќините одлично почнаа и ја добија првата четвртина со 25-19, но Партизан на високо ниво ги одигра вторите десет минути и на одморот замина со само еден поен негатива, беше 43-42 за Макаби.

Во третиот период Партизан неколкупати имаше и водство, но тоа не траеше долго, Макаби го сврте резултатот во своја полза, а на крајот славеше и убедлива победа од 97-84.

Браун од Партизан беше најефикасен на мечот со 19 поени, Вашингтон постигна 15. Во составот на Макаби, Малколм даде 17 поени.