Младинските ракометари ќе играат два контролни меча против Словачка

Машката младинска репрезентација на Македонија закажа два пријателски натпревари против Словачка, кои ќе се одиграат во рамки на ЕХФ-неделата.

Македонија ќе одигра два контроли дуели против Словачка во Спортскиот центар „Јане Сандански“ в петок и сабота.

Првиот меч меѓу Македонија и Словачка се игра в петок од 18 часот, додека вториот дуел е закажан за сабота од 14 часот.