
Работнички го скрши Тиквеш за прв триумф во Суперлигата (ФОТО)
Првата четвртина помина во голема борба меѓу двете екипи, по која Работнички имаше предност од 24-22, по што битката продолжи и во вторите 10 минути, а водството порасна на 51-44.
Тиквеш се разигра на стартот на второто полувреме и успеа да направи целосен пресврт (67-66), но Работнички се разбуди во завршницата и со одлична игра во нападот стигна до 99-87.
Најефикасен во победничкиот тим беше Хатсон со 22 поени, осум скокови и една асистенција, додека Дес запиша 21 поен, пет скокови и шест асистенции за Тиквеш.
На вториот меч кој се играше во истиот термин, Кожув го совлада Гостивар по голема драма со 73-72.