Ѓоковиќ не се штедел: Роналдо го испратил со вредни подароци (ФОТО)

Во медиумите во текот на денешниот ден беше објавено дека Новак Ѓоковиќ и Кристијано Роналдо имале средба во Ријад, а сега е откриено и дека двајцата си размениле подароци.

Српскиот тенисер престојуваше во Ријад поради турниот кој ќе се одржуваше во изминатиот период, а таа прилика ја искористил и да се сретне со Португалецот.

На Роналдо Ѓоковиќ му подарил рекет и топче со посвета, но и маицата со која го освои златниот медал на Олимписките игри во Париз, додека Роналдо возвратил со дрес од Ал Наср.