
Што ли се случува? Почина голема НФЛ ѕвезда – имаше само 37 години!
Веста ја објави американскиот портал ТМЗ, повикувајќи се на извор кој првично анонимно ја доставил информацијата, а подоцна таа била и потврдена. Причината и околностите околу неговата смрт засега не се познати, а јавноста во САД е шокирана од прераната загуба на еден од најталентираните „тркачи“ на својата генерација.
Мартин ја започна кариерата на Државниот универзитет Боис, каде со своите блескави настапи ги привлече вниманието на НФЛ-скаутите. Неговата комбинација од сила, експлозивност и чувство за простор го направија еден од најперспективните млади играчи на своето време. Во НФЛ дебитираше во 2012 година со дресот на Тампа Беј Баканирс и уште во првата сезона се наметна како вистинска сензација. Двапати беше избран на престижниот Про Боул, а еднаш беше вклучен и во идеалниот тим на сезоната.
Еден од најпознатите моменти во неговата кариера се случи на 4 ноември 2012 година, во дуелот против Оукленд Рејдерс – клуб од неговиот роден град. Мартин тогаш влезе во историјата на Тампа Беј, претрчувајќи 251 јард и постигнувајќи четири тачдауни, со што постави два клупски рекорди – за најмногу јарди од еден „руки“ и за најмногу тачдауни на еден натпревар.
Поголемиот дел од професионалната кариера Мартин го помина во дресот на Тампа Беј, а последната сезона ја одигра за Оукленд Рејдерс во 2018 година. И покрај релативно краткиот престој во лигата, остана запаметен по професионализмот, скромноста и љубовта кон спортот. Бивши соиграчи го опишаа како „човек кој никогаш не заборави од каде потекнува“ и „играч кој секогаш го даваше максимумот без оглед на околностите“.