Леао: Фантастично е да се игра со Модриќ, се надевам ќе ми даде многу асистенции!

Рафаел Леао беше двоен стрелец во победата на Милан над Фиорентина од 2-1 со која росонерите се качија на врвот во Серија А.

По натпреварот Леао го пофали и Лука Модриќ кој и покрај тоа што има 40 години се бореше како лав до крајот на натпреварот.

„Знаевме дека пред нас е тежок натпревар и покрај тоа што Фиорентина е во лоша форма. Имаат квалитетни играчи како Моизе Кин кој ни направи многу проблеми“, вели Леао.

„Игравме како тим, беше тешко и не создадовме многу шанси, но кога конечно ја пробивме нивната одбрана, екипата проработи“.

„Кога Модриќ дојде во Милан, ме гушна и ми рече дека сака да ми помогне. Фантастично е да играш со него и се надевам дека ќе ми асистира многу пат“.