
Грилиш пак е хит на Островот – мртов пијан заведувал жени во Дубаи (ФОТО)
Според истиот извор, фановите го снимиле Грилиш како консумира алкохол и се дружи со жени во познатите барови, а во еден момент, бил фотографиран со заматен поглед и како ѝ шепоти на уво на една обожавателка. Очевидци тврдат дека ги почестил присутните со пијалоци и дури купувал и јадење за гостите. (фотографиите може да ги видите ТУКА)
Иронично, само неколку дена претходно, Грилиш на шега изјави дека тренерот на Евертон, Дејвид Мојс, вовел „полициски час“ за играчите кои мораат да бидат во кревет до 22 часот – но во Дубаи останал на забавите и по полноќ. Селекторот на Англија, Томас Тухел, го изостави Грилиш од составот за октомвриските натпревари, но 30-годишниот фудбалер не покажал никакво разочарување поради тоа.
Грилиш во август 2021 година премина од Астон Вила во Манчестер Сити за рекордни 117,5 милиони евра, но никогаш не успеа целосно да се наметне како стандарден првотимец. Ова лето се пресели во Евертон, каде што на девет натпревари постигна еден гол и запиша четири асистенции.