
Aлкараз е прв финалист во Ријад, сега го чека победникот од спектаклот!
Шпанецот играше сигурно и ниту еднаш не го изгуби својот сервис, а направи три брејка кои се покажаа како доволни за финале.
Првиот брејк Алкараз го направи во петтиот гем кога поведе со 3-2 и до крајот сигурно сервираше за 1-0 во сетови. Идентично како во првиот, шпанскиот ас и во вториот сет во петтиот гем дојде до брејк, но сега го освои и наредниот сервис на Американецот, сетот го доби со 6-2.
Во финалето, Алкараз ќе игра против подобриот од вечерашниот спектакл помеѓу Ѓоковиќ и Синер.
Фото: EPA