Чудо невидено: Аргентина постигна шест гола, Меси – ниеден (ВИДЕО)

Актуелниот светски шампион имаше само посериозен тренинг во Форт Лодердејл против Порторико во пријателски натпревар.

„Гаучосите“ славеа со 6-0, потврдувајќи ја одличната форма на нешто повеќе од половина година пред почетокот на Светското првенство. Главен куриозитет од овој меч е тоа што најдобриот играч на Аргентинците, Лионел Меси не постигна ниеден гол, а партиципираше со две асистенции, по една за Монтиел и Лаутаро Мартинез.

По три гола беа постигнати во првото и второто полувреме, во воведните 45 минути два пати погоди Мекалистер и еднаш Монтиел, а во продолжение од мечот, два пати мрежата ја тресеше Лаутаро Мартинез, а Ечеварија си постигна автогол.