Халанд доби поштеда - нема да игра против Нов Зеланд

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд е ослободен од репрезентативните обврски и тој веќе се врати во Манчестер каде ќе му се проклучи на својот тим, на тренинзите пред продолжението на Премиер лигата.

Норвешка денеска игра пријателски натпревар против Нов Зеланд, но во составот ќе го нема најдобриот стрелец во историјата на репрезентацијата. Халанд нема да има можност да го подобри своето голгетерско салдо во репрезентацијата, но ќе добие одмор пред напорниот период во англиското првенство и Лигата на шампионите.

Во саботата тој постигна хет-трик против Израел по што Норвешка се наоѓа на милиметри од прв настап на Светско првенство во 21. век и прв по 1998 година.