Беласица го отпушти тренерот по дебаклот во Кочани!

Фудбалскиот клуб Беласица информираше дека се раздели со тренерот Александар Стојанов и наскоро ќе назначи нов предводник на тимот.

Беласица цели кон влез во првата лига, но синоќа доживеа непријатен пораз на гостувањето кај Осогово во Кочани. Струмичкиот тим беше надигран и проазен со 3-1.

Овој резултат не му се допадна на раководството на клубот, па се реши да му врачи отказ на Стојанов.

„Александар Стојанов од денес не е повеќе шеф на стручниот штаб на нашиот тим.
Клубот му се заблагодарува на Стојанов на соработката, и му посакува многу успеси во понатамошната кариера“, стои во соопштението на Беласица.

Засега нема информација кој ќе биде наследникот на Стојанов на клупата на струмичкиот тим.