Шпански судија кој имаше маки со Реал Мадрид утре ќе ѝ суди на Македонија!

Македонската фудбалска репрезентација утре го пречекува Кзахстан на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје во меч кој мора да го добиеме за да го задржиме мундијалскиот сон.

Утрешниот натпревар кој почнува од 20:45 часот, ќе го судат шпански судии на чело со Хуан Мартинез Мунуера.

На почетокот од оваа година, Мунуера беше во центарот на вниманието на шпанската јавност поради наводен скандал кој му беше предизвикан од медиумите блиски до Реал Мадрид.

Тој му даде црвен картон на Џуд Белингем на меч против Осасуна. Потоа мадридските весници „Марка“ и „АС“ извадија вести дека неговата компанија „Талентус Спортс Спикерс“ има бизни конекции со фудбалски институции и професионални клубови.

Шпанската фудбалска федерација го истражуваче случајот, ги истражуваше активностите на неговата компанија и бараше судир на интереси, но не го најде. Судијата беше чист.

Сепак, по излегувањето на написите во мадридските весници, судијата го затвори својот Инстаграм профил бидејќи добиваше илијадници коментари вклучувајќи и навреди и смртни закани.

Бурниот период помина, Мунуера повторно е во погон и утре ќе го видиме во Скопје како ѝ суди на нашата репрезентација против Казахстан.