
Нотингем Форест пак ќе го менува менаџерот, познат е наследникот на Постекоглу
Британските медиуми утринава објавуваат дека сопственикот на клубот Евангелос Маринакис сфатил дека одлуката од минатиот месец му е погрешна и можно е веќе претстојната недела да му додели отказ на својот сонародник. Посатекоглу го водеше Нотингем Форест на седум натпревари и не оствари ниедна победа.
На неговото место треба да биде назначен Шон Дајч кој својот последен ангажман го имаше во Евертон, но оттаму доби отказ пред крајот на минатата сезона.