
Џерард нема да му биде тренер на Миовски
Наводно, Џерард кој во минатото веќе имаше една успешна епизода на клупата на шкотскиот гигант одобил да се врати на „Ајброкс“. Како што информира „Би-Би-Си“ преговори помеѓу двете страни постоеле, но на крајот сепак, не дошло до договор.
Покрај Џерард како можен наследник на Расел Мартин се споменуваше и Хрватот Славен Билиќ кој исто така е без ангажман.
Ренџерс во првенството има очаен старт на сезоната и по седум кола се наоѓа на осмата позиција со само еден триумф и осум освоени бодови.
Фото: Rangers FC