Скандал: Пронајден кокаин кај поранешен француски кошаркар!

Поранешниот француски кошаркар Мајк Џозеф нема да остане запаметен по неговите настапи на теренот, туку по проблемите кои ги правеше надвор од салата.

Французинот играше во втора и трета француска лига, но сега се соочува со сериозен проблем затоа што полицијата му открила кокаин во домот.

Џозеф е уапсен под сомнеж дека вршел трговија со дрога, а бил уапсен во ноќта меѓу 5 и 6 октомври.

Полицијата притоа пронашла 150 грама кокаин и 3.000 долари во готовина.