
Сабаленка со лесна победа ја продолжи историската серија на турнирот во Вухан!
Со овој триумф, белоруската ѕвезда ја продолжи својата неверојатна низа на 20 победи по ред во Вухан, рекорд што не бил остварен уште од 1990 година. Сабаленка ја зацврсти својата лидерска позиција на врвот на ВТА-листата и уште еднаш потврди дека се наоѓа во одлична форма и е подготвена да атакува на титулата на собирот кој се игра за награден фонд од 3,65 милиони долари.
Белорусинката во полуфиналето ќе се соочи со амбициозната Американка Џесика Пегула.