
И викендот по репрезентативната пауза нема да има прволигашки фудбал во Македонија
Одложено е десеттото коло од Првата лига поради претстојните локални избори кои ќе се одржат на 19 октомври. МВР препорачало идната недела на минимум да бидат сведени јавните настани, а пред се спортските натпревари, па оттаму и оваа одлука на ФФМ.
Во десеттото коло во Тетово треба да се одигра дербито меѓу Шкендија и Вардар, но тој меч, како и останатите пет ќе добијат нови термини.
На 17 октомври требаше да играат: Силекс – Пелистер, Струга – Брера, за 18 октомври беа закажани дуелите помеѓу Работнички и Македонија ЃП и Шкендија и Вардар. На 20 октомври требаше да се сретнат Башкими – Шкупи и Тиквеш – Арсими.