Пелистер нанижа три порази во ЛШ, дебакл за битолчани во Полска!

Ракометарите на Пелистер го претрпеа третиот пораз во низа во Лигата на шампионите откако денеска беа поразени од Висла Плоцк со 36-25.

Пелистер рамноправен противник беше само едно полувреме, додека домаќините во вториот дел целосно го скршија отпорот на македонкот претставник.

Уште во првата минута исклучување кај Пелистер заработи Абутовиќ, пет минути подоцна и Хенигман, но и така битолскиот клуб одржуваше минимална негатива.

Во 11-тата минута избраниците на Гарабаја направија и пресврт за прво водство од 5-4. Следуваа минути во кои двете екипи накратко го менуваа водството, така беше се до 20-тата минута кога Висла поведе со 11-9.

Од тој момент домаќините започнаа да бидат подбриот тим на теренот и на пауза заминаа со 18-14. Пелистер во вториот дел не само што не успеа да е врати, туку и целосно се распадна, па натпреварот одеше само во една насока.

На крајот македонскиот шампион претпе и пораз со двоцифрена разлика. Најефикасен кај Пелистер беше Дејан Манасков со седум гола, додека во редовите на победничкиот остав, Мелвин Ричардсон постигна осум гола, Митревски ја заврши средбата со девет одбрани.

По четири кола Пелистер на табелата е претпоследен со два бода, зад битолчани е само Загреб кој е единствен без бодови, но со три натпревари.