Англија и Велс утре ќе играат во дресови без имиња

Репрезентациите на Англија и Велс утре ќе одиграат пријателски натпревар, а во него ќе испратат порака за подигнување на свеста за Алцахјмеровата болест.

Имено, во второто полувреме, двете селекции на теренот ќе излезат во дресови без имиња на грбот и на тој начин симболично ќе го истакнат губењето на памтење, еден од најчестите симптоми на оваа болест.

Иницијативата е дел од партнерството на Фудбалскиот сојуз на Англија и Здружението за Алцахјмерова болест кое трае од 2021 година. Англичаните веќе имаа слична акција минатата година против Белгија.

Натпреварот помеѓу Англија и Велс е закажан во терминот од 20:45 часот.

Фото: England football team