
Тенисерката со најголеми гради направи хаос на Октоберфест во Минхен (ФОТО)
По поразот во четвртфиналето од Коко Гоф, 23-годишната Лис, која важи за една од тенисерките со најголеми гради на ВТА турнирите, се врати во Германија, каде што уживаше во традиционалната баварска атмосфера и пивото кое е заштитен знак на фестивалот. Таа на социјалните мрежи сподели фотографии на кои позира во традиционална баварска носија, што предизвика големо внимание кај нејзините обожаватели.
Лис во моментов е на 45. место на ранг-листата – нејзин најдобар пласман во кариерата досега. Иако сè уште нема освоено титула на ВТА турнир, нејзиниот напредок во последните сезони потврдува дека е на добар пат кон врвот на светскиот тенис. Досега од награди заработила речиси два милиони долари.