
Хајдук и Партизан најгледани во екс-СФРЈ, македонските клубови ги нема никаде
На прво место е Хајдук кој на пет натпревари на Пољуд имал вкупно 152.350 гледачи или во просек 25.421. Капацитетот на стадионот на сплитскиот клуб е нешто над 34 илјади места што значи дека просечно се пополнети три четвртини од местата.
Зад Хајдук е Партизан што е големо изненадување затоа што неговиот стадион е речиси двојно помал од оној на Црвена Звезда која осум години доминира во српскиот фудбал. Натпреварите на Партизан оваа сезона ги следат над 11 илјади гледачи, додека на Звезда, која е на петтото место во ова рангирање, има по 9 илјади.
По Хајдук и Партизан, во топ-10 се наоѓаат уште Динамо Загреб, Железничар, Звезда, Осијек, Ријека, изненадувањето Вараждин, Сараево и Марибор. Интересно е тоа што на овој список нема ниеден клуб од Македонија. Прашање е дали воопшто може да биде рангиран македонски претставник во оваа конкуренција бидејќи во земјава не постои точна евиденција на продадени билети и точен број на гледачи на натпреварите.