
Беше само прашање на време: Светот го доби првиот милијардер меѓу фудбалерите!
Според американскиот финансиски магазин Блумберг, Португалецот ја достигна оваа граница благодарение на профитабилни долгорочни договори со компаниите „Најки“ и „Армани“, но најголем придонес за богатството му донесе продолжувањето на договорот со неговиот клуб Ал-Насер.
Тој со новиот договор во Саудиска Арабија ќе заработи дополнителни 400 милиони евра. Роналдо не застанува ниту на теренот, ниту надвор од него. Следниот голем предизвик на светската фудбалска ѕвезда е постигнување на 1.000 голови во кариерата, со оглед што до сега има забележано 946 гола на клупско и репрезентативно ниво.