Јунајтед го продаде Бруно Фернандес во Саудиска Арабија за 100 милиони фунти

Португалскиот репрезентативец Бруно Фернандес по се изгледа ја игра последната сезона во Манчестер Јунајтед бидејќи од идната најверојатно ќе настапува во Саудиска Арабија.

Неофицијално, тој е продаден за 100 милиони фунти, но никој не го спомнува името на неговиот нов клуб. Тоа не е прв ваков случај бидејќи сите саудиски суперлигаши се во сопственост на државата, односно фондот ПИФ кој ги финансира трансферите. Навоодно, останува уште фудбалерот да ги договори личните услови и од лето да се пресели на Блискиот исток.

Фернандес и минатото лето имаше понуда од Саудиска Арабија, британските медиуми дури тврдеа дека неговата преселба е завршена работа, но до тоа не дојде.