Ц. Звезда му подготвила отказ на Сферопулос, контактиран е и неговиот наследник

Кошаркарскиот клуб Црвена звезда подготвува терен за нов тренер, Јанис Сферопулос наскоро ќе добие отказ, тврди „Спорт Клуб“ повикувајќи се на блиски извори до клубот.

Црвено-белите лошо ја стартуваа новата сезона, уште немаат победа во официјалните натпреварувања, двапати беа поразени во Евролигата, еднаш во АБА.

Поразот од Задар во АБА лигата го вклучи алморот и се чини дека одлуката е донесена. Така тврдат српските медиуми.

Раководството на клубот решило да направи тренерска промена, отказот за Сферопулос е подготвен и наскоро треба да му биде врачен.

Прв фаворит за негов наследник е Саша Обрадовиќ, челниците на Звезда веќе стапиле во контакт со него. Се чека неговата одлука и од тоа ќе зависат следните чекори на клубот.