
„Бомба“ од НБА: Леброн ја најави „одлуката на сите одлуки“! (ВИДЕО)
Во период кога се водат шпекулации за неговата иднина, Леброн на социјалните мрежи кратко најави.
„Одлуката на сите одлуки. 7 октомври 12 часот“, стои во неговат објава на социјалните мрежи. Но, истата ја дополни и со хаштагот „втора одлука“.
Медиумите уште веднаш потсетија на неговата објава во 2010 година кога непосредно пред заминувањето од Кливленд имаше слична објава, тогаш објави само уште пократко „Одлука“, па со оглед дека ова е поголема најава, многумина се убедени дека „кралот“ ќе објави дека сезоната која следи е негов последна во кариерата.
Ќе потсетиме, минатата сезона за Леброн беше 22. во неговата кариера во НБА лигата и во неа го водеше Лејкерс до плеј-офот.
The decision of all decisions. October 7th. 12pm EST. 🫡👑 #TheSecondDecision pic.twitter.com/1uop8sIU25
— LeBron James (@KingJames) October 6, 2025
Фото: Los Angeles Lakers