Пелистер против Шкендија ја прекина црната серија

Фудбалерите на Пелистер по пет порази во низа одиграа реми и тоа против актуелниот шампион Шкендија.

Шкендија поради формата на битолскиот клуб допатува во Битола како голем фаворит, но во Тетово се враќа со само еден бод.

Имаше Шкендија повеќе од играта и создаде повеќе прилики, меѓутоа изостана реализацијата, па така домашниот тим успеа да стави крај на црната серија.

Со овој бод Шкендија дојде до седум со кои се наоѓа на 10-тата позиција, пред Работнички и Шкупи. За Шкендија од друга страна ова реми е прекинување на победничката серија од три натпревари, тетовци се трети со 21 бод, колку што има и Вардар, Струга е лидер со 23.