Ново изненадување: Испадна и Зверев од турнирот во Шангај

Германскиот тенисер Александер Зверев беше елиминиран од мастерс-турнирот во Шангај со поразот од Артур Риндеркнеш со 6-4, 3-6 и 2-6.

Французинот успеа по вторпат да слави против Зверев, откако претходно го елиминира и од Вимблдон.

Риндеркнеш во осминафинале ќе се соочи против Јиржи Лехечка, кој претходно го совлада Денис Шаповалов.