
Верувале или не: Лидери се во првенството, а имаат негативна гол-разлика!
По 11 одиграни кола, Дечиќ има 20 освоени бодови и гол-разлика од „минус еден“, а причина за тоа што имаат негативна статистика се трите убедливи порази, додека речиси сите триумфи им се со еден гол добиени.
Најголемата победа оваа сезона Дечиќ ја оствари против Сутјеска (3-1), но затоа губеше од Будуќност со 0-2, Бокељ (0-2) и Језеро (0-4).
Дечиќ е екипа со која Силекс се соочи во квалификациите за Конференциската лига.
Standings provided by Sofascore
Фото: FC DECIC